SportM
Фудбал

ПСЖ во Мадрид со сите сили: Мбапе, Нејмар, Кавани, Икарди, Ди Марија

Д М25 ное 2019
ПСЖ во Мадрид со сите сили: Мбапе, Нејмар, Кавани, Икарди, Ди Марија

ПСЖ отпатува за Шпанија со најсилниот состав за да се соочи со Реал Мадрид во Лигата на шампионите во вторник.

Марко Верати се врати во составот за утрешниот натпревар во групната фаза од европското елитно натпреварување, откако овој викенд ја испушти победата на ПСЖ со 2-0 над Лил во Лига 1.

Исто така, на Томас Тухел на располагање му се и sвездите Килијан Мбапе, Нејмар, Единсон Кавани, Анхел ди Марија и Мауро Икарди.

Единствениот голем недостаток е играчот од средниот ред Андер Херера.

Додека играчите како Мичел Бакер, Марцин Булка, Тило Керер, Лајвин Курзава, Лок Мбе Сох и Ерик Чупо-Мотинг недостасуваат поради повреди.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.