SportM
Фудбал

ПСЖ заинтересиран за Белингем и Рашфорд?

Д М12 дек 2022
ПСЖ заинтересиран за Белингем и Рашфорд?

Челниците на Пари Сен Жермен во летниот преоден рок ќе се обидат да ангажираат двајца англиски репрезентативци – Џуд Белингем и Маркус Рашфорд.

„Ел Насион“ наведува дека управата на францускиот шампион се согласила на Борусија Дортмунд да и плати отштета од 120 милиони евра за Белингем. Англискиот фудбалер е еден од најбараните играчи, а медиумите тврдат дека за Белингем се заинтересирани и Реал и Ливерпул.

Белингем (19) израснал во Бирмингем, а член е на Борусија од 2020 година. За репрезентацијата на Англија одигра 22 натпревари. Британски „Мирор“ наведува дека челниците на ПСЖ се подготвени на Рашфорд (25) да му понудат неделна плата од еден милион евра. Тој има договор со Манчестер Јунајтед до крајот на сезоната, а францускиот шампион сака да го ангажира без обештетување.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.