SportM
Фудбал

Рафиња го одведе својот братучед во Барселона и го направи најгенијалниот потег во историјата на трансферите

Д М14 јул 2022
Рафиња го одведе својот братучед во Барселона и го направи најгенијалниот потег во историјата на трансферите

Барселона вчера и официјално потврди дека Рафиња е нов играч на овој клуб.

 

Каталонскиот клуб успеа да доведе големо засилување откако Лидс ја прифати понудата од речиси 65 милиони евра за Бразилецот кој вчера пристигна во Барселона на лекарски прегледи и потпишување договор.

Рафиња требаше да потпише за Челзи откако Лидс договори се со овој клуб, но откако Барселона испрати понуда за него немаше дилема каде ќе ја продолжи кариерата.

 

Барселона вчера го официјализираше неговото доаѓање, а набргу потоа во овој град пристигна и Рафиња за да се приклучи на новиот тим.

Меѓутоа, многу интересна ситуација се случи кога Рафиња пристигна во Барселона. На аеродромот го чекала поголема група новинари и фоторепортери, но со него во авионот бил и неговиот братучед кој многу личи на Рафиња.

 

Братучедот на Рафиња прв излезе од авионот и беше тотален хаос бидејќи сите го следеа и почнаа да го сликаат, а печатот бараше изјава од него додека мирно поминуваше покрај нив.

Никој не ни сфати дека тоа не е Рафиња, а неколку минути подоцна Бразилецот мирно мина низ аеродромот и излезе на сосема поинаков излез, речиси без никој да го забележи.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.