Рафиња по седум месеци се враќа на теренот

Бразилецот Рафиња Алкантара не играл за Барселона од ноември минатата година.
Рафиња доживеа тешка повреда на лигаментите на коленото на натпреварот против Атлетико Мадрид, и беше седум месеци надвор од теренот. Но, денес направи медицински прегледи и доби зелено светло од докторот на Барса.
Така, овој бразилски играч од средниот ред ќе може да се врати на теренот во вистинско време, односно пред почетокот на подготовките за новата сезона. Сепак, сé уште не е познато дали ќе остане во Барселона или ќе нов клуб.
Пред сериозната повреда тој им кажа на лидерите на Барса дека сака да го напушти клубот и е подготвен да го направи тоа во јануари оваа година, но сериозните повреди сериозно ги нарушија неговите планови.
Слични проблеми со повредите на лигаментите на коленото Рафиња имаше уште пред неколку години, кога тој ја пропушти речиси цела сезона.



