Connect with us

Фудбал

Рахим Стерлинг пред неверојатна позајмица

Тимот на Барселона може да добие големо засилување во јануари.

„Каталонски Спорт“ тврди дека раководството на клубот сака да го доведе фудбалерот на Манчестер Сити, Рахим Стерлинг на позајмица и напорно работат на овој трансфер.

Стерлинг ја загуби стартната позиција од Пеп Гвардиола оваа сезона, а наводно го загубил влијанието што го имал и во тимот.

На клубот не би му пречело да го напушти тимот. Барселона се обиде да го ангажира во летниот преоден рок, но не беше постигнат договор.

Како и да е, преговорите продолжија. Очигледно се оди многу добро и нема да биде изненадување доколку англискиот репрезентативец ги засили редовите на каталонскиот великан.

Стерлинг би пристигнал во Барселона на позајмица во јануари барем до крајот на сезоната, а можно е позајмицата да биде за подолг период.

Рахим Стерлинг е член на Сити од 2015 година. Тој пристигна од Ливерпул и постигна 115 голови на 297 одиграни натпревари.

Реклама

Facebook

Реклама
Реклама