Раиола го најави големиот трансфер: Донесувам суперѕвезда во Реал Мадрид ова лето

Коронавирусот го прекина спортот некое време, но се чини дека тоа не делува премногу на Мина Раиола, кој прави планови за следниот трансфер период.
Во интервјуто за „Марка“, тој зборуваше за некои играчи, но исто така најави и голем трансфер што го подготвува за летото.
„Кога станува збор за Погба, тешко е да се каже што ќе се случи со него. Сè уште не знаеме. Реал го посакуваше и тие покажаа голем интерес за него во последните години, но неговото заминување од Манчестер Јунајтед не беше можно. Сега ќе видиме каква ќе биде ситуацијата“, вели Раиола.
Еден од најголемите таленти што го има Мино Раиола е секако е Ерлинг Халанд, а тој зборуваше и за тоа.
„Тој е најголемиот скапоцен камен. Задоволство е да го гледам како игра и да оди напред. Никој не очекуваше тој да напредува толку брзо. Тој сè уште има многу работа и труд, но ако сакате ексклузива, еве ви. Ерлинг ова лето останува во Борусија.“, рече Раиола.
Тој, исто така, се осврна на Реал Мадрид и зборуваше за потенцијалниот трансфер на една од sвездите во овој клуб.
„Имам одлична врска со Реал. Имам за цел да организирам трансфер на еден од моите играчи во Реал Мадрид. Јас веќе го имам Ареола таму, но само на позајмица. Ова лето ќе се обидам да донесам суперѕвезда таму, што ќе ме направи горд бидејќи Реал е најголемиот клуб“, заврши Раиола.



