SportM
Фудбал

Раиола има луд план за Халанд: Сака да заработува милион евра неделно!

Д М12 апр 2021
Раиола има луд план за Халанд: Сака да заработува милион евра неделно!

Во последно време се повеќе се пишува за напуштање на Ерлинг Халанд од Борусија Дортмунд на крајот од оваа сезона.

Халанд игра одлично во дресот на германскиот клуб и не е тајна дека тој е желба на многу европски великани.

Неговиот агент Мино Раиола веќе разговараше со заинтересирани клубови, иако Дортмунд тврди дека Халанд нема да биде на продажба ова лето.

Англиските медиуми пренесуваат дека малкумина ќе можат да си го дозволат тоа затоа што Раиола има неверојатно луд план. Имено, идејата на Раиола е Халанд да биде првиот играч во историјата кој заработувал дури еден милион евра неделно.

Јасно е дека ПСЖ и Манчестер Сити се единствените кои можат да го овозможат тоа во моментот, а дали ќе успее оваа луда идеја на Раиола останува да видиме.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.