SportM
Фудбал

Раиола: Не сум во војна со Борусија

Д М12 апр 2021
Раиола: Не сум во војна со Борусија

Познатиот фудбалски агент Мино Раиола неодамна го посети Дортмунд.

Раиола моментално работи на трансфер на Ерлинг Халанд. Неодамна преговараше со Барселона и Реал во Шпанија, а неговиот план е да го продаде својот клиент во редовите на голем клуб на лето.

Сепак, за разлика од Раиола, челниците на Борусија немаат намера да го загубат Норвежанецот на крајот на сезоната.

“Можам да потврдам дека бев во Дортмунд. Михаел Зорк многу јасно ми стави до знаење дека не сака да го продаде Ерлинг. Јас го почитувам тоа, но тоа не значи дека се согласувам со него. Сепак, сакам да истакнам дека има нема војна меѓу мене и Борусија“- рече Раиола.

Англиските медиуми пренесуваат дека малкумина ќе можат да си го дозволат тоа затоа што Раиола има неверојатно луд план. Имено, идејата на Раиола е Халанд да биде првиот играч во историјата кој заработувал дури еден милион евра неделно.

ПСЖ и Манчестер Сити се едни од ретките кои можат да прифатат вакви услови.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.