SportM
Фудбал

Рајола: Јуве е најдобро место за Де Лихт, ме потсетува на Недвед и Ибра

Д М17 јул 2019
Рајола: Јуве е најдобро место за Де Лихт, ме потсетува на Недвед и Ибра

Агентот на Матаис де Лихт – Мино Рајола, изјави дека италијанскиот хегемон Јувентус е најдобро место за младиот Холанѓанец. 19-годишниот дефанзивец во моментов поминува медицински прегледи, по што трансферот ќе биде официјално објавен. Ајакс ќе добие 75 милиони евра за својот капитен, кој беше баран и од Барселона и ПСЖ.

– Не станува збор кој го сакал, бидејќи Јуве е најдобро место за него. За еден дефазнивец е важно да игра во Италија. Може да научи многу во Серија „А“ и да стане најдобар тука. Овој чекор е неопходен за неговата кариера. Се разбира, тој е најдобар млад дефанзивец. Во однос на работа и менталитет, се приближува, дури и го надминува Павел Недвед. Со неговата амбиција ме потсетува на Златан Ибрахимовиќ, изјави агентот.

Договорот на Де Лихт со „старата дама“ ќе трае 5 години. Се претпоставува дека тој ќе добива плата од 12 милиони евра по сезона со бонуси и ќе има откупна клаузула од 150 милиони евра.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.