Ракитиќ: Меси најдобар на сите времиња, но ова беше година на Модриќ
Д М11 сеп 2018

Фудбалерот на Барселона и хрватски репрезентативец Иван Ракитиќ смета дека неговиот колега од репрезентацијата Лука Модриќ треба да ја освои наградата за најдобар играч изминатата сезона.
– За мене најдобар играч на светот на сите времиња е Лионел Меси. Тоа ќе ви го кажат многумина. Но, да бидам искрен, ова беше година на Лука Модриќ. Тоа го знаат сите, вклучувајќи го и самиот Меси, изјави ракитиќ.
Лука Модриќ минатата сезона со Реал Мадрид ја освои Лигата на шампионите, со Хрватска играше финале на Светското првенство и е меѓу тројцата номинирани од ФИФА за најдобар фудбалер на годината.
Во конкуренција на Модриќ се наоѓаат Мохамед Салах и Кристијано Роналдо, а по подолго време таму не е Лионел Меси.
Сподели
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



