SportM
Фудбал

Ракитиќ на излезната врата на Барселона, пет играчи во игра за негова замена

Д М11 јул 2020
Ракитиќ на излезната врата на Барселона, пет играчи во игра за негова замена

Фудбалерот на хрватската репрезентација Иван Ракитиќ сигурно ќе го напушти тимот на Барселона на крајот на оваа сезона.

Каталонците сакаа да го продадат Ракитиќ минатото лето, но тој тогаш одби да го напушти „Камп Ноу“. Но, сега е јасно дека овој играч од средниот ред тешко дека ќе го избегне трансферот, а како што стојат работите тој би можел да се врати во Севиља.

Ракитиќ има едногодишен договор со Барселона и тие сакаат да заработат пари од неговата продажба во клубот. Барселона ќе ги вложи тие пари за да донесе нов играч од средниот ред кој би го пополнил местото на Ракитиќ во средниот ред.

Иако Миралем Пјаниќ потпиша за Барселона, очигледно е дека тој нема да биде единственото засилување во средниот ред. Мундо Депортиво пишува дека пет играчи се на радарот на Каталонците, и дека еден од нив сигурно ќе дојде.

Кандидати да го заменат Ракитиќ во Барселона се Матео Гендузи, Рубен Невес, Марко Врарати, Тангуи Ндомбеле и Сергеј Милинковиќ-Савиќ. Ќе биде навистина интересно да се види кој играч на крајот ќе успее да го донесе Барселона.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.