Ракитиќ синоќа го постигна голот на сезоната, а денеска со својата изјава ги воодушеви навивачите на Севиља (ВИДЕО)

Севиља и Атлетико Мадрид синоќа одиграа големо дерби од 18. коло на шпанската Примера, а на крајот домаќинот славеше со 2:1.
Домаќините поведоа уште во седмата минута. Рекик му додава на Иван Ракитиќ, а тој од триесетина метри постави бомба на голот на Јан Облак. Словенецот немаше шанса и беше 1:0.
Подоцна Атлетико израмни преку Фелипе, а во 88. минута Окампос му донесе голема победа на Севиља.
Впрочем, се огласи и хрватскиот фудбалер кој истакна дека постигнал перфектен гол, а ги пофали навивачите.
„За нас беше многу важно да го започнеме натпреварот добро. Тоа секогаш ја зголемува нашата самодоверба. Успеавме, а јас го постигнав совршениот гол“, рече Ракитиќ и додаде:
“Игравме против актуелниот шампион, знаевме дека влогот е голем. Не се откажавме откако примивме израмнувачки гол, сакавме да ги наградиме навивачите кои го заслужија тој втор гол. Без разлика дали сте играч на Севиља или не, тоа е неверојатно да ги искусиме нашите фанови“.
Тимот од Андалузија на тој начин се вклучи во борбата за титулата со Реал Мадрид, со оглед на тоа што Кралевите сега заостануваат пет бода, а останатите се на табелата.
Севиља за три дена ќе ја пречека Барселона во преостанатиот натпревар од 4.коло, а во 19. коло на трети јануари по мини пауза ќе игра со Кадиз.



