Ракометарите на Македонија со чартер лет отпатуваа во Словачка (ФОТО)
Редакција13 мај 2026

Македонската машка ракометна репрезентација попладнево со чартер лет отпатува за Прешов каде утревечер против домаќинот Словачка ќе го одигра првиот натпревар од баражот за пласман на Светското првенство 2027. Првиот натпревар на гостински терен избраниците на селекторот Кирил Лазаров ќе го одиграат во „Татран Арена“ со почеток во 19 часот.
Реваншот по кој ќе биде познат патникот на Мундијалот во Германија ќе се игра во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје со почеток во 19 часот.
Македонските ракометари ја имаат фаворитската улога и во двете пресметки со Словачка ќе се обидат да го изборат своето десетто мундијалско учество, а осмо во низа.
Сподели
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



