Рамос: Ако ме сакаат во Реал, ќе останам

Капитенот на Реал, Серхио Рамос изјави дека е подготвен да остане во клубот во иднина.
Последниве месеци се шпекулира дека Рамос и Реал не се во добри односи кога станува збор за продолжување на договорот и дека е неизвесно дали 33-годишниот фудбалер ќе остане во клубот, но сега работите се многу појасни.
На прес-конференцијата, Рамос изјави дека неговиот однос со клубот е „прекрасен“ и дека нема проблеми.
“Сè е запишано во минатото, но мојот однос со клубот е прекрасен. Затоа нема потреба да брзаме, ќе се согласиме”, рече Рамос, додавајќи:
„Никогаш не сум направил дополнителни барања, ја разбирам и политиката на клубот со играчи кои се на моја возраст. Ако сакаат тие да останам во клубот, јас ќе останам и тоа е тоа.
Тековниот договор на Рамос со Реал важи до јуни 2021 година.



