Рамос: Не сум одлучил каде ќе ја продолжам кариерата
Д М15 фев 2023

Фудбалерот на Пари Сен Жермен, Серхио Рамос се уште не одлучил каде ќе ја продолжи својата играчка кариера.
Рамос има договор со шампионот на Франција до 30 јуни годинава, а се уште не добил понуда за продолжување на соработката.
Француските медиуми тврдат дека челниците на ПСЖ се уште не се сигурни дали сакаат да го продолжат договорот со Рамос, кој минатата сезона имаше многу проблеми со формата и повреди.
„Живеам ден по ден. Минатата сезона беше доста тешка, но сега се чувствувам добро и физички и психички. Тоа ми е најважно. Не размислувам за иднината. Се ќе знаеме на крајот на сезоната“, изјави Рамос.
Во 2021 година, по 16 години играње за Реал, Шпанецот пристигна во Пари Сен Жермен, за кој одигра 44 натпревари.
Сподели
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



