Рамос: „Сакам да се пензионирам тука“

Серхио Рамос преку прес конференција и се обрати на спортската јавност и јасно изјави дека нема намера да замине од кралскиот клуб.
„Сакам да бидам сосема јасен дека мојата иднина овде не се доведува во прашање, сакам да се пензионирам тука“, изјави Рамос.
На конференцијата Рамос исто така даде изјава и за одличниот однос со претседателот на клубот Флорентино Перес.
„И кога би сакале да ме пуштат да одам бесплатно, би продолжил до крајот на животот. Перес и јас имам однос на татко и сини, многу се сакаме“, додаде шпанскиот фудбалер.
Тој потврди дека постои понуда од Кина, но додаде дека никогаш не размислувал да замине таму, а посебно истакна дека никогаш не побарал од својот клуб да го пуштат бесплатно, како што пишуваа деновиве медиумите во Шпанија.
Рамос во Реал простигна од Севиља во 2005 година. Рамос за Реал има одиграно 606 натпревари, постигна 84 гола и 39 асистенции.



