SportM
Фудбал

Рамос се огласи на Твитер по срамниот пораз на Реал Мадрид

Д М7 окт 2018
Рамос се огласи на Твитер по срамниот пораз на Реал Мадрид

Реал Мадрид минатата ноќ доживеа пораз на гости од Алавес (1:0), што е уште една потврда дека кралевите се во резултатска криза.

Кралскиот клуб одамна ја нема толку лошо започнато сезоната, а дека постои криза во нивните редови се виде и минатата ноќ. Реал претрпе уште еден пораз во домашниот шампионат, со голот на Гарсија во петтата минута од судиското надополнување и тоа по грешка на Куртоа.

Играчите на Реала се најдоа на удар на навивачите на овој клуб, на социјалните мрежи поради уште една очајна игра. Сепак, капитенот на овој тим, Серхио Рамос, одлучи да испрати порака до обожавателите преку Твитер и вети дека ќе им даде максимално враќање на вистинската форма.

“Откако пристигнав во Реал Мадрид во 2005 година, ние бевме во различни ситуации, но секогаш одговаравме на ист начин со обединување и заеднички напори. Ќе се бориме до крај и резултатот ќе дојде. Овој тим никогаш не се откажува”, изјави Рамос.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.