Рамос сериозно ги негираше обвинувањата за допинг

Се појавиа нови информации од документите на „Football Leaksa“, кои, го потресоа фудбалскиот свет.
Овој пат тоа беше капитен на Реал, Серхио Рамос, кој, наводно, двапати ги прекрши правилата за допинг тест, но целата приказна и на крајот беше покриена, па ниту тој, ниту Реал не доиа казна.
Овие обвиненија се сериозни, и затоа не се чекаше долго да се огласи и Рамос.
„Силно се противам на допингот, никогаш не учествував, никогаш не сум се согласил ниту ќе се согласам со било каков тип на допинг“, рече Рамос, додавајќи:
„Во текот на долгата спортска кариера, бев подложен на безброј допинг тестови и на сите сум поминал. Имав стандарден третман, што ми го овозможи медицински тим, но ситуацијата официјално е решена“, рече искусниот одбранбен играч на „кралскиот клуб“.
Еден од двата спорни натпревари, е тој против Јувентус во финалето на Лигата на шампионите во 2017 година, во кој Реал славеше со високи 4:1.



