SportM
Фудбал

Рамос синоќа го направи првиот чекор кон збогување со Реал, му се јавувија четири клуба

Д М17 јун 2021
Рамос синоќа го направи првиот чекор кон збогување со Реал, му се јавувија четири клуба

Серхио Рамос дефинитивно го напушта Реал Мадрид.

За ова се зборуваше подолго време, но сега Реал ги потврди тие информации. Кралевите синоќа објавија дека Рамос денеска на прес-конференција во друштво на Флорентино Перез ќе ја заврши својата 16-годишна ера во мадридскиот клуб.

Искусниот дефанзивец имаше една визија, а раководството на Реал имаше друга. Тие не успеаја да се договорат за висината на договорот, па на крајот Рамос одлучи да замине. Немаше избор, тој сфати дека е отпишан сега кога му истекува договорот, па мора да бара нов тим.

Тој синоќа го направи првиот чекор кон збогување, па ја смени сликата на насловната страница на Твитер и сега стои „Благодарам“ до грбот на Реал.

Со 35 години на грб, Рамос е сè уште привлечен за сите. Не е лесно да се исполнат неговите очекувања и да му се дадат околу 12 милиони евра годишно, но некои можат да го направат тоа без никакви проблеми.

Постојат четири кандидати за неговиот потпис, а меѓу нив се и Манчестер Сити, Манчестер Јунајтед, ПСЖ, додека некои веруваат дека поранешниот клуб на Рамос, Севилја е во центарот на вниманието.

Прашање е дали Рамос ќе прифати помалку пари за да игра во својот поранешен тим и да му помогне да игра во Лига на шампиони или сепак ќе земе подобар договор за крајот на кариерата и ќе игра во некоја друга од најсилните лиги уште една сезона, а англиската Премиер лига одамна е негова желба.

За Реал одигра 671 натпревар, а како стопер успеа да постигне дури 101 гол. Освои четири Лиги на шампиони, пет титули во Ла Лига, четири Светски клупски шампионати, два Копа дел Реј, четири Суперкупа на Шпанија и три Суперкупа на Европа…

Ова не се најдобрите моменти во кариерата на Рамос, кој остана без настап во репрезентацијата на Шпанија, која во моментов игра на Европско првенство.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.