Рамос воодушевен: Почит и восхит!
Д М20 дек 2018

На ден пред финалето на Светското клубско првенство, во кое играат Реал Мадрид против домаќинот Ал Аин, дефанзивецот на Реал, Серхио Рамос одлучи да ја посети џамијата Шеик Зајед во Абу Даби.
Рамос на фотографијата која ја објави на Instagram е облечен во арапски костим, а на објавата напишал:
„Единствено место, почит и восхит. Ви благодариме за вашето топло добредојде и поддршка“.
Шпанскиот дефанзивец не е многу популарен кај навивачите низ целиот свет, а честопати е и медиумска мета.
https://www.instagram.com/p/BrmrV55lQND/
Сподели
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



