Connect with us

Фудбал

Рангник дојде на тренинг на Манчестер, а таму немаше никој

Германскиот стручњак Ралф Рангник неодамна го замени Оле Гунар Солскјер како менаџер на Манчестер Јунајтед.

Искусниот тренер потпиша договор до крајот на сезоната, но неговото доаѓање се уште не им помогна премногу на „црвените ѓаволи“, кои и понатаму играат доста слабо.

Притисокот во Манчестер е навистина голем, а Рангник го почувствува тоа на своја кожа и му се случи една интересна ситуација.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ralf Rangnick (@ralf.rangnick)

По натпреварот против Астон Вила (понеделник), Германецот им даде слободен вторник на играчите, но заборави на тоа.

Тој се појави во тренинг кампот на клубот и беше изненаден што не виде никој таму.

„Тој се јави од автомобилот за да праша каде се прави тестирањето за вирусот. Му рекоа дека им дал слободен ден на играчите, а потоа отишол дома. Играчите слушнале за тоа и се пошегувале на него“, рекол изворот од клубот за Дејли Меил.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Manchester United (@manchesterunited)

Јунајтед моментално е на седмото место во ПЛ и го чека голема борба за пласман во Лигата на шампионите до крајот на сезоната.

Реклама

Facebook

Реклама