Рангник ладнокрвно го одби барањето на Кристијано Роналдо

Кристијано Роналдо побара од менаџерот на Манчестер Јунајтед Ралф Рангник да ја смени формацијата.
Според „Атлетик“, португалската ѕвезда му рекол на Рангник дека најдобро би било тимот да игра со двајца напаѓачи и тој да биде еден од нив.
Сепак, предлогот на Роналдо не наиде на одобрување на германски стручњак. Тој нема намера да промени нешто во својот систем, дури и ако некој како Роналдо го побарал тоа од него.
Роналдо на овој потег се одлучи откако на последните девет натпревари постигна само еден гол, на што не е навикнат.
Сепак, Рангник уште еднаш објави дека тој е газда и дека нема да исполни ниту една желба на играчите.
Германскиот тренер ја започна својата кариера во Јунајтед во системот 4-2-2-2, потоа искористи 4-4-2, но потоа се врати на системот 4-2-3-1 што го играше тимот во ерата на Оле Гунар Солскјер.
Кристијано Роналдо оваа сезона одигра 29 натпревари за Манчестер Јунајтед и постигна 15 гола со три асистенции.



