SportM
Фудбал

Рангник откри што најмногу го разочарало во Манчестер Јунајтед

Д М20 мај 2022
Рангник откри што најмногу го разочарало во Манчестер Јунајтед

Германскиот стручњак Ралф Рангник ја привршува епизодата на привремениот тренер на Манчестер Јунајтед.

Тој во ноември ја наследи жешката клупа од норвешкиот тренер Оле Гунар Солксјаер, но не успеа да исполни ниту една од неговите цели.

Тимот испадна од домашните купови, Лигата на шампионите, а наредната сезона преку лигата не беше освоено учество во неа, па останувањето на Германецот на Олд Трафорд може да се оцени како неуспешно.

 

Последниот меч на клупата Рангник ќе го одигра в недела, против Кристал Палас. Тој во пресрет на овој натпревар направи краток „ренген“ од својот мандат и го откри своето најголемо разочарување.

„Од мечот со Атлетико (во Лигата на шампионите) не успеавме да најдеме форма. Тоа е поврзано со самодовербата, но и со менталитетот и тимскиот дух. За мене ова е најголемото разочарување, дека не успеавме да го развиеме овој дух“, рече Рангник.

 

Рангник има одиграно 28 натпревари за Манчестер Јунајтед, од кои 11 победи, девет нерешени и осум порази.

 

Следен предизвик за него ќе биде функцијата селектор на австриската репрезентација.

 

„Среќни сме што ги обезбедивме услугите на Ралф Рангник, меѓународен фудбалски стручњак. Сите сме убедени дека тој е вистинскиот човек и дека неговата визија ќе направи репрезентацијата и федерацијата да се развиваат“, изјави Герхард Милетич, претседател на Австрискиот фудбалски сојуз.

 

 

 

 

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.