Раул Хименез се здоби со фрактура на черепот, се чувствува добро

Раул Хименез се здоби со тешка повреда на главата на почетокот од натпреварот Арсенал – Вулверхемптон.
Хименез беше повреден по незгодниот директен судир со Дејвид Луиз. Со носилка бил однесен од полето и однесен во најблиската болница.
Одличниот напаѓач се здоби со скршеница на черепот, беше опериран во текот на ноќта и беше задржан во болницата каде ќе се опорави некое време.
„Раул се чувствува добро по синоќешната операција во лондонската болница.
„Го виде својот партнер Даниел и сега се одмара. Тој ќе остане под опсервација уште неколку дена, а потоа ќе започне со закрепнување. Волците се заблагодаруваат на медицинскиот персонал на Арсенал, болничарите од НХС, болничкиот персонал и хирурзите, нивната помош и вештина беа клучни “, се вели во соопштението на Волците.



