Разочарување во Шалке: Празните трибини се отежнувачки фактор
Д М25 мај 2020

Вчера Шалке доживеа вистински срам на домашен терен.
Имено, Аугсбург славеше со 3:0, и освои три вредни поени.
Домашната екипа со причина беше разочарана по натпреварот.
„Разочаран сум што обезбедивме ваква лоша игра. Мораме да се прибереме и да покажеме некаква реакција, да покажеме дека научивме нешто во овој пораз. Мора да покажеме поголема пенетрација во напад, но и да бидеме компактни во одбраната. Фактот дека играме без нашите навивачи, без страст и енергијата е секако отежнувачки фактор“, рече тренерот на Шалке, Дејвид Вагнер.
Во среда, Шалке гостува на Фортуни Дизелдорф.
„Важно е да се игра добро. Кога играте добро, поголема е веројатноста дека сте успешни. Сакаме повторно да го играме нашиот фудбал“.
Шалке во моментов е на осмото место.
Сподели
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



