SportM
Фудбал

Реакцијата на Нејмар кога беше запрашан дали ќе се врати во Барселона

Д М21 ное 2019
Реакцијата на Нејмар кога беше запрашан дали ќе се врати во Барселона

Нејмар ги игнорираше прашањата за евентуалното враќање во Барселона за време на посетата на Шпанија за да го гледа тенискиот турнир во Дејвис Куп.

Бразилскиот напаѓач ја посети Шпанија во средата, откако доби покана од неговиот пријател Џерард Пике да го придружува на Дејвис Купот.

Новинарот на „Ел Шарингвито“ му постави серија прашања на ѕвездата на ПСЖ откако слета на аеродромот.

Првото прашање на кое што одговори Бразилецот беше за повредата. Нејмар изјави дека се чувствува физички подготвен да игра против Реал Мадрид во Лигата на шампионите следната недела, во клучниот натпревар во групата А.

Тој беше запрашан и за евентуалното враќање во Барса, прашање за кое игнорираше велејќи дека за него секогаш се зборуваше во медиумите.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.