SportM
Фудбал

Реал без осумина против Наполи

Д М27 ное 2023
Реал без осумина против Наполи

Фудбалерите на Реал Мадрид во среда го пречекуваат Наполи, а Карло Анчелоти има кадровски проблеми.

Последен на листата на повредени е Лука Модриќ кој сигурно ќе го пропушти натпреварот против Наполитанците.

Хрватот заработи повреда во победата над Кадиз и ќе мора да паузира, најверојатно наскоро ќе се врати на терените.

Пред Модриќ, од почетокот до крајот на сезоната се повредија Тибо Куртоа и Едер Милитао, потоа Винисиус Јуниор, Едуардо Камавинга, Орељан Чуамени и Арда Ѓулер, а голманот Кепа се уште не закрепнал од полесна повреда.

За среќа на Карло Анчелоти, Реал е чист лидер со 12 бода, Наполи има седум бодови.

Натпреварот е закажан за в среда од 21 часот.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.