SportM
Фудбал

Реал доби ново засилување: Камавинга гордо позираше со дресот на кралевите (ВИДЕО)

Д М8 сеп 2021
Реал доби ново засилување: Камавинга гордо позираше со дресот на кралевите (ВИДЕО)

Едуардо Камавинга (18) денеска беше претставен како нов играч на Реал Мадрид.

18-годишниот фудбалер пристигна во Мадрид од Рен последниот ден од преодниот рок и потпиша петгодишен договор со кралевите.

По паузата за репрезентацијата, талентираниот играч за врска пристигна во Мадрид. Тој беше претставен со своите нови соиграчи и го одработи својот прв тренинг под водство на Карло Анчелоти.

По тренингот имаше презентација за медиумите, а младиот фудбалер гордо позираше со бројот 25, што ќе го носи во мадридскиот клуб.

Реал доби навистина феноменален фудбалер и нема сомнение дека многу повеќе ќе се слуша за овој човек во иднина.

Камавинга е најмладиот фудбалер што играл за Рен во историјата на клубот (16 години и еден месец), а доби и шанса во француската репрезентација.

Тој постигна гол на неговиот втор настап за националниот тим и стана најмладиот фудбалер што го сторил тоа од Морис Гастигер во 1914 година.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.