Реал е уморен од чекањето на Рамос, капитенот доби ултиматум!
Д М6 мар 2021

Флорентино Перез се чини го загуби трпението со Серхио Рамос.
Рамос сè уште не го продолжил договорот со „кралевите“, па затоа мадридскиот клуб му постави ултиматум.
Искусниот стопер има понуда за продолжение на масата, а како што тврди почитуваната Марка, крајниот рок за потпис е до крајот на март.
Во последните денови имаше неколку состаноци, но одговорот на новиот едногодишен договор со опција за продолжување сè уште не пристигнува.
На Реал му треба одговор што е можно поскоро за да можат навреме да се свртат кон алтернативи во случај Рамос да ја одбие понудата.
Рамас е член на Реал Мадрид од 2005 година, тој стана симбол и легенда на клубот и сигурно ќе биде невообичаено да го видиме во друг дрес.
Сподели
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



