Реал го продава Хамес на својот ривал за прилично мала сума

Фудбалерот на колумбиската репрезентација Хамес Родригез не планира да остане во Реал Мадрид.
Нема место за Хамес на тимот на Зинедин Зидан и Реал сака да го продаде за да се ослободи од неговите примања, а со тоа може да заработи одредена сума.
Самиот Колумбиец сака да замине во Атлетико, кој претходно планирал да го донесе. Тие нудат 25 милиони евра, што е под секоја реална цена на неговата пазарна вредност, но сите околности се такви што сумата би можела да ги задоволи кралевите.
Со оглед на тоа што влегува во последната година од договорот, изгледа дека нема да има пречки и Реал навистина ќе го продаде на неговиот градски ривал, иако дојде од Монако во 2014 година за 80 милиони евра.
Тој претходно беше на позајмица во Баерн и има одиграно само седум натпревари оваа сезона во Ла Лига и постигна еден гол со исто толку асистенции. Вкупно, тој имаше две асистенции на 13 натпревари.



