Реал ја „преврте играта“ на Твитер: Што покажува Google кога пишувате Лука Модриќ?

Реал Мадрид синоќа го победи Реал Сосиедад на домашен терен по пресврт со 4-1.
Сосиедад поведе од десеттата минута со голот на Ојарзабал од пенал, но кралевите до крајот на првото полувреме стигнаа до пресврт.
Домашниот тим израмни на 1:1 во 40. минута кога фантастичен гол од 25 метри постигна Камавинга.
Реал Мадрид само три минути подоцна доаѓа до целосен пресврт. Во центарот на вниманието е неверојатниот Лука Модриќ кој со одличен дриблинг го мами Давид Силва, а потоа со 20-ина метри со левата нога погодува спектакуларно за 2:1.
Реал Мадрид постигна уште два гола до крајот на натпреварот, а во листата на стрелци се запишаа Карим Бензема и Марко Асенсио.
Кралскиот клуб по натпреварот на фантастичен начин ја опиша играта на Лука Модриќ на Твитер. Хрватот блеска и оваа сезона иако веќе има 36 години.
Имено, Реал објави одлична фотографија и покажа што „покажува“ Гугл кога пишувате во пребарувањето на Лука Модриќ, а тоа е магионичар.
🔍 Hasta Google lo sabe… pic.twitter.com/XcPyUVOwXU
— Real Madrid C.F. (@realmadrid) March 5, 2022



