Реал Мадрид без четири првотимци на „Етихад“

Екипата на Реал Мадрид ќе има многу тешка задача следната недела.
Популарните „кралеви“ ќе го посетат Манчестер Сити следниот вторник во реваншот од 1/8 финале од Лигата на шампионите и ќе бркаат заостаток од 2:1 од нивниот прв натпревар на стадионот „Сантијаго Бернабеу“.
Покрај резултатот, тренерот Зинедин Зидан има и голем проблем со фактот дека нема да може да смета на четворица многу важни играчи.
Еден Азар е повреден и тешко дека ќе биде на теренот до крајот на сезоната, при што покрај него повредени се Марсело и голманот Тибо Куртоа, кој исто така нема да биде подготвен за на „Етихад“. Покрај тоа, Зидан не може да смета дека капитенот Сергио Рамос кој е суспендиран поради црвен картон.
Ако се земе предвид дека ова се четворица играчи кои играат во првата постава и се меѓу најискусните играчи во тимот, тогаш со сигурност можеме да кажеме дека ова е голем хендикеп за Реал, но Кралевите на „Етихад“ сигурно нема да излезат со бело знаме.



