Реал Мадрид ги претстави новите дресови, гостинскиот го повторно во розова боја (ФОТО)

Розовата боја повторно игра важна улога во Реал Мадрид.
Реал Мадрид денес ги претстави новите дресови во кои ќе играат од следната сезона. Домашниот дрес останува бел, а гостинскиот дрес е во розово издание, како и во сезоната 2014/15.
Адиас го потпишува новиот изглед на дресовите на Реал. Клубот е убеден дека повторно „погодија“ и дека навивачите ќе бидат импресионирани, и дека нивната продажба ќе се зголеми значително.
Real Madrid have just dropped their home and away shirts for next season and they're fire. 🔥🔥🔥🔥 pic.twitter.com/TSjrAVQlQh
— Football Tweet ⚽ (@Footballtweet) July 31, 2020
Има и розови бои на домашните дресови, а јаката, која сега се наоѓа на „V“, исто така е променета. Патем, во овие дресови, Реал ќе се обиде да ја одбрани титулата шампион во Шпанија.




