Реал Мадрид го плати цело богатство, а сега го исмеваат за неговите потези од синоќешниот натпревар (ВИДЕО)

Реал Мадрид денеска го официјализираше трансферот на Аурелиен Чоамени, 22-годишниот француски репрезентативец, кој беше купен од Монако за 80 милиони евра со околу 20 милиони евра бонуси.
Реал и ПСЖ се бореа за Чоамени, на крајот во таа борба славеше кралскиот клуб, а младата ѕвезда потпиша договор до 2028 година.
Во квалификациите за Светското првенство дебитираше за А репрезентацијата на Франција против Босна и Херцеговина, а во меѓувреме стана стандарден меѓу триколорите.
Во последната сезона одигра повеќе од 50 клупски натпревари, а може да се каже дека на Бернабеу пристигнува со одредено искуство, без разлика што има 22 години.
Сепак, на интернет кружи клип од неговите потези на вчерашниот натпревар на Франција против Австрија (1:1) во Лигата на нации.
Чуамени беше стартер, но беше заменет во 63. минута, но и самите гледате дека ова не му беше ден и имаше низа грешки кои не се својствени за фудбалерот кој Реал го донесе за речиси 100 милиони евра.
https://twitter.com/zangobinks/status/1535587244127428612



