SportM
Фудбал

Реал Мадрид не ги намалува платите на играчите и вработените

Д М28 мар 2020
Реал Мадрид не ги намалува платите на играчите и вработените

Реал нема да ги намали платите на играчите и персоналот на клубот.

Поради пандемијата на коронавирус, многу клубови решија да ги намалат платите на своите играчи за дури 70 проценти, но играчите на „кралевите“ се безбедни и нема да има намалувања.

Причината е прилично едноставна. Клубот е во многу стабилна финансиска состојба и е целосно подготвен да се справи со ваква криза без какви било промени во плаќањата на своите вработени.

Така, членовите на тимот од Мадрид ќе бидат еден од ретките европски клубови што ќе поминат низ кризата без премногу проблеми.

Ова сигурно може да донесе многу добри работи за Реал во наредните месеци и веројатно ќе видиме некои големи трансфери од нив, што не треба да се очекува од клубовите погодени од криза.

Покрај Реал Мадрид, големите германски клубови се исто така во добра финансиска позиција и нема да имаат премногу проблеми, но некои од нив решија да се откажат од платите за да им помогнат на другите.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.