Реал Мадрид не се откажува од Мбапе, ја нуди и бразилската sвезда за него

Килијан Мбапе продолжува да биде главна цел на Реал Мадрид за следната сезона, но изгледа како многу комплицирана „операција“, бидејќи ПСЖ нема ни помалку желба да го продаде.
Французите се стремат да го продолжат договорот на играчот, за кој сметаат дека е центар на нивниот иден проект. Како и да е, според весникот „Ас“, Реал го нуди Винисиус за Мбапе.
Информациите се засноваат на фактот дека Бразилецот е играч има блиски врски со спортскиот директор на ПСЖ, Леонардо, кој верува дека неговиот сонародник ќе биде еден од светските фудбалери.
Весникот „АС“ објаснува дека минатото лето, кога Мадрид се заинтересира за Нејмар, челниците на ПСЖ посочија дека Винисиус треба да биде вклучен во преговорите, нешто што Реал не го сакаше.
Сега, „АС“ пренсува дека Реал е подготвен да го вклучи Винисиус во преговорите за Мбапе.



