Реал Мадрид нема да го пушти Јовиќ зимава поради повредите на Бензема и Маријано
Д М26 јан 2022

Напаѓачот Лука Јовиќ нема да може да го напушти Реал Мадрид оваа зима, соопштува „Marca“.
Мадриѓаните се во тешка ситуација поради тоа што се повредени напаѓачите Карим Бензема и Маријано Дијаз. Иако закрепнувањето на двајцата играчи нема да одземе многу време, натпреварите кои ќе се играат во овој сегмент можеби ќе бидат клучни за Реал, па во клубот стравуваат од дополнително слабеење на напаѓачката линија.
Интерес за Јовиќ покажа Арсенал, но официјална понуда за трансфер на Србинот не беше дадена, а Реал Мадрид сега не е заинтересиран за договор.
Јовиќ оваа сезона одигра 11 натпревари во Ла Лига и постигна 1 гол.
Сподели
Поврзано
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



