SportM
Фудбал

Реал Мадрид подготви понуда за Обамејанг што навивачите на Арсенал веднаш би ја прифатиле

Д М7 дек 2019
Реал Мадрид подготви понуда за Обамејанг што навивачите на Арсенал веднаш би ја прифатиле

Шпанските медиуми сè повеќе известуваат дека Реал Мадрид веќе сака да го донесе Пјер-Емерик Обамејанг од Арсенал во јануари.

Повеќе не е тајна дека Обамејанг не е баш среќен на „Емирати“ и отворено призна дека размислува за заминување. Но, се чини дека Обамејанг би можел да ги спакува куферите уште во јануари и да ја продолжи кариерата во еден од најдобрите клубови во светот.

Угледното списани „Марка“ утрово објави дека „Кралевите“ покажале голем интерес за Обамејанг и размислуваат за понуда за испраќање во лондонскиот клуб.

Наводно, Реал Мадрид е подготвен да го вклучи младиот српски напаѓач Лука Јовиќ, кој летово пристигна од Франкфурт, во трансферот на Обамејанг. Јовиќ не се вклопи во составот како што се очекуваше.

Флорентино Перез е подготвен да го прати овој 21-годишен напаѓач во Арсенал во замена за Обамејанг. Габонецот беше најдобар стрелец на клубот со 31 погодок минатата сезона, а од пристигнувањето во Арсенал во јануари 2018 година има одиграно 84 натпревари и постигнато 53 гола.

Од друга страна, Јовиќ оваа сезона има одиграно само 11 натпревари за Реал и има постигнато само еден гол. Сепак, одењето во Арсенал би можело да биде добар потег и за него, и се чини дека дури и навивачите на клубот од „Емирати“ немаат ништо против тоа.

Тие на социјалните медиуми изјавија дека Арсенал треба веднаш да ја прифати понудата на Реал, бидејќи доаѓањето на Јовиќ би било многу добар потег за иднината. Но, што ќе одлучи Арсенал останува да се види.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.