Connect with us

Фудбал

Реал Мадрид со стил ја освои 35-та титула, навивачите со песна на трибините ја навредуваа ѕвездата на Барселона

Викендов се играат натпреварите од 34. коло во шпанската Ла Лига, но од денеска е познат шампионот.

Реал Мадрид одигра одлично во текот на целата сезона и на крајот сосема заслужено ја прослави новата шпанска титула. На кралевите им требаше само бод против Еспањол, но ги совладаа Каталонците со 4-0.

Ова е 35-та титула за Реал во Ла Лига, а сега Марсело стана најтрофејниот играч во историјата на Реал со својата 24-та титула во бел дрес, со што го прескокна Пако Гент со кого го делеше првото место.

 

Со оваа титула Модриќ стана петтиот најтрофеен играч на Реал со 18 титули, колку што има и неговиот соиграч Начо.

Тренерот Карло Анчелоти денеска одмараше некои важни играчи за реванш полуфиналето од Лигата на шампионите против Манчестер Сити, па дури подоцна влегоа Крос и Бензема, а Модриќ и Касемиро порано го напуштија теренот.

 

Родриго се истакна со два гола, а еден постигна Асенсио, додека последниот гол го постигна резервистот Бензема, што беше негов 26-ти гол сезонава во Примера и е убедливо најдобар стрелец на првенството.

 

Реал на четири кола пред крајот освои дури 81 бод и има вкупно три порази со 25 победи и шест нерешени. Моментално е на плус 17 во однос на Севиља и плус 18 во однос на Барселона.

 

Навивачите на Реал ја слават 35. титула на Шпанија, а во текот на мечот се потсетија и на стоперот на Барса Жерар Пике.

 

„Пике, копиле, здравје за шампионите“, пееја навивачите на Реал. Каталонскиот дефанзивец е еден од најомразените ликови во Мадрид поради неговите претходни контроверзни изјави за мадридскиот клуб, поради што и денес е на мета на приврзаниците на Реал.

 

Сега „кралевите“ ќе бидат целосно фокусирани на Лигата на шампионите, но се на тежок тест бидејќи бркаат негатива од еден гол против Манчестер Сити во средата навечер, кој го добија со 4-3 во првиот меч на „Етихад“.

 

 

 

 

Реклама

Facebook