SportM
Фудбал

Реал Мадрид тргнува по човекот кој е во сенка на другите, а можеби и најважен за успехот на Ливерпул

Д М18 окт 2021
Реал Мадрид тргнува по човекот кој е во сенка на другите, а можеби и најважен за успехот на Ливерпул

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез планира во клубот да го доведе контроверзниот директор на Ливерпул, Мајкл Едвардс.

Според Сан, шефот на Реал планира сериозна реконструкција на тимот на крајот од оваа сезона, а исто така сака да донесе вистинска личност за трансфери и верува дека Едвардс, вработен на „Енфилд“, одлично си ја врши работата.

Со оглед на трансферите на „црвените“ во последните години, изгледа дека Едвардс знае многу добро што прави. Познат е како „трансфер гуру“ на Ливерпул, за кој работи од 2011 година, а од 2016 година ја извршува функцијата спортски директор.

Неговиот актуелен договор со Ливерпул истекува следното лето, а тој беше клучна фигура во трансферите на Мохамед Салах, Вирџил ван Дајк, Садио Мане, Алисон Бекер и Ендрју Робертсон, меѓу другите.

Атлетик уште во август објави дека Едвардс веќе ги известил сопствениците на Ливерпул дека има намера да замине следното лето кога ќе му истече договорот. Доколку тоа се случи, најверојатно ќе биде заменет со Џулијан Вард, кој беше назначен за помошник спортски директор во декември минатата година.

На стадионот „Сантијаго Бернабеу“ имаа многу промашувања со трансфери, па со доаѓањето на Едвардс, клубот конечно можеше да донесе најдобро можно засилување.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.