SportM
Фудбал

Реал Мадрид утре ќе го претстави Еден Азар

Д М12 јун 2019
Реал Мадрид утре ќе го претстави Еден Азар

Белгискиот фудбалер Еден Азар го напушти Челзи и ќе ја продолжи кариерата во Реал Мадрид.

По седум сезони, Азар одлучи дека е време да направи промена во неговата кариера и да си го исполни сонот од детството. Тој секогаш велеше дека неговата желба е да игра во Реал Мадрид и сега е исполнета.

Минатата недела, кралскиот клуб го потврди трансферот на Азар од Челзи, кој треба да чини околу 150 милиони евра – вклучувајки ги и бонусите. Новиот „кралски“ играч ќе биде претставен утре вечер.

Реал Мадрид денеска објави дека Азар ќе пристигне во главниот град на Шпанија денес а ќе потпише договор со Кралскиот клуб утре.

Официјалната презентација пред навивачите на „Сантијаго Бернабеу“ е закажана за 19 часа утре, а пред тоа ќе се одржи првата прес конференција на Азар во Реал Мадрид.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.