SportM
Фудбал

Реал не го сака Вилијан

Д М2 јун 2020
Реал не го сака Вилијан

Вилијан беше понуден на Реал Мадрид, но шпанскиот гигант ја отфрли можноста за потпис на Бразилецот.

Бразилскиот крилен играч ќе биде слободен агент по крајот на сезоната, а неговиот агент Киа Џорабчијан напорно бара голем клуб за да ги исполни условите на својот клиент.

За Вилијан се заинтересирани Арсенал и Тотенхем, а на квалитетите му се восхитува и Зинедин Зидан. Поради оваа причина, 31-годишниот Бразилец беше понуден на Реал, но „Сантијаго Бернабеу“ ја одби понудата заради желбата на играчот да потпише договор на три години.

Тоа беше барањето на Вилијан, кое не го прифати и неговиот сегашен клуб Челзи, кој му понуди договор на две сезони, бидејќи ова е политика на лондонскиот тим за играчи кои веќе наполниле 30 години.

Вилијан помина седум години на „Стемфорд Бриџ“.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.