Реал не може без драма: 102 минути, црвен картон, играч на голот, а херојот секако Бензема

Еспањол и Реал Мадрид се сретнаа во рамките на 4. коло од шпанската Примера, а Кралскиот клуб славеше победа од 1:3.
Се одеше одлично за Реал Мадрид. Во 12. минута одлична акција заврши со гол за 0:1 на Винисиус Јуниор. Погледнете го голот на Бразилецот со клик ТУКА.
Истиот играч лесно може да има хет-трик на своето конто до 32. Најпрвин во 20. минута излезе еден на еден со домашниот голман и Лекомт му го одбрани ударот, а во 32. минута од одлична позиција шутираше над голот.
Финишот на полувремето и припадна на домашната екипа. Најпрво Кабрера пропушти добра шанса, а потоа Хосела погоди за 1:1. Гледајте го голот ТУКА.
Тибо Куртоа го спасува Реал Мадрид во 59. минута. Хоселу шутираше, голманот на Реал Мадрид брани.
Четири минути подоцна шанса имаше Карим Бензема, но повторно се истакна голманот на домашните. Четири минути подоцна Французинот постигна гол кој беше поништен поради офсајд.
Хоселу имаше нова шанса во 83. минута, се обиде несебично да го стави на работа својот соиграч, но одбраната на Лос Бланкос ја елиминираше опасноста.
На две минути до крајот Реал Мадрид сепак постигна гол и победи, а херој беше никој друг туку Карим Бензема. Погледнете го победничкиот гол ТУКА.
Многу збунувачка ситуација во судиското надополнување. Родриго постигна гол за 3:1, голот беше поништен, се гледаше ВАР, а домашниот голман Лекомт беше исклучен поради прекршок на работ од шеснаесетникот непосредно пред голот.
Бидејќи домашниот тренер искористи три периоди за промени, играч мораше да застане во голот, а тоа беше капитенот Кабрера, а тој не издржа. Слободниот удар го изведе Карим Бензема, кој очекувано шутираше во голманскиот агол и во десеттата минута од судиското надополнување постигна гол за конечни 1:3. Проверете го тој гол ТУКА.
Заедно со Реал Бетис, Реал Мадрид е единствениот сто проценти по некомплетното трето коло и го зазема првото место, додека Еспањол е на 16. место со еден бод.
Следното коло на Реал Мадрид му носи домашен дуел со Бетис, додека Еспањол ќе патува за Баскија кај Атлетик Бибао.



