Реал подготвен да му даде последна шанса на Еден Азар
Д М29 јун 2022

Реал Мадрид е подготвен да му даде можност на Еден Азар да блесне во новата сезона, пренесува „Marca“.
Според шпанскиот спортски весник, клубот се надева дека Белгиецот ќе биде подготвен да игра на која било позиција.
Фудбалерот одигра вкупно 66 натпревари за клубот, постигнувајќи шест гола и 10 асистенции. За целото време поминато во мадридскиот клуб, Азар доби 16 повреди.
Самиот играч од средниот ред сака да остане во Реал Мадрид и да се бори за место во стартниот состав на шпанскиот и европски шампион.
Сподели
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



