Connect with us

Фудбал

Реал сака да го доведе Мбапе, но по негови услови

Со години се зборува дека Реал Мадрид, најтрофејниот европски клуб е заинтересиран за асот на Пари Сен Жермен и француската репрезентација – Килијан Мбапе. Во средата се дозна дека 24-годишниот ас не сака да го продолжи договорот со францускиот шампион кој истекува летото 2024 година, тврдат извори во Франција.

Мбапе имаше опција да ја продолжи соработката со „светците“ до летото 2025 година, но очигледно тоа нема да биде така бидејќи таква одлука би требало да се донесе до јули оваа година. Сега е јасно дека Пари Сен Жермен ќе мора да го продаде Мбапе во претстојното лето доколку сака да добие обештетување – во спротивно, во 2024 година брзоногиот напаѓач ќе може да си замине без обештетување.

Шпанскиот дневен весник АС пишува дека Реал е заинтересиран за момчето од 19-тиот арондисман на Париз, но само под одредени услови. Тимот од шпанската престолнина не сака да плати „ниедно евро“ за да го доведе Мбапе и ќе размислува за аквизиција, само доколку Французинот биде слободен агент.

Така се вика и написот во кој AS пишува за планот на Реал да донесе огромно засилување – „ Нема евро за Мбапе “.

Постои и можност Мбапе да потпише преддоговор со „кралскиот клуб“, за да се избегнат непријатни изненадувања, кои се случуваа претходните години меѓу Реал и Мбапе. Летото 2022 година, Мбапе беше блиску до пристигнување на „Сантијаго Бернабео“, но целиот трансфер пропадна, на големо жалење на навивачите на шпанскиот великан.