Ребиќ: Да се зборува за иднината е прерано сега
Д М28 апр 2020

Анте Ребиќ кој е на позајмица две сезони од Ајтрахт во Милан, зборуваше за настапите во Миалн и неговата иднина.
„Конечно имав можност да одиграм неколку натпревари по ред и успеав да покажам што можам да направам. Најмногу го искористив овој момент. Само чекав можност да се докажам во Милано, а битката со Удинезе беше голема шанса за мене. Да бидам искрен, секогаш верував во себе. Пиоли ми даде можност да играм неколку натпревари по ред, и се обидов да го искористам максимумот. Да се зборува за иднината е прерано сега, бидејќи она што се случува околу нас покажува дека не можете да направите предвидувања во животот“, изјави Ребиќ.
Оваа сезона, 26-годишниот Хрват одигра 15 натпревари во Серија А, на кои постигна шест гола.
Сподели
Поврзано
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



