SportM
Фудбал

Реченицата што му пресуди на Мората!

Д М30 ное 2020
Реченицата што му пресуди на Мората!

Алваро Мората го постигна единствениот гол за Јувентус на ремито против Беневанто.

По последниот судиски свиреж, Мората направи нешто глупаво и заработи исклучување.

Во последните моменти од натпреварот, шпанскиот напаѓач побара пенал, но судијата Пасква само одмавна со раката.

Потоа, Мората доби директен црвен картон за предолг јазик.

„Срамота е што не беше изведен ваков пенал“, наводно му рекол Мората на судијата.

Сега тој ќе мора да го паузира градското дерби против Торино, па Пауло Дибала, кој е во очајна форма, повторно ќе игра во нападот.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.