SportM
Фудбал

Реина има желба да застане на голот на ПСЖ

Д М14 мај 2020
Реина има желба да застане на голот на ПСЖ

Како што објавува „Фут Меркато“ шпанскиот голман Пепе Реина изрази желба кариерата да ја продолжи во ПСЖ. 37-годишниот Шпанец е подготвен да стане втор избор во тимот од Париз.

Претходно се појавија информации дека Милан е подготвен да се раздели од Реина со цел да се растоварат трошоците за плата. Неговата плата сега е три милиони евра годишно.

Од јануари, Реина е на позајмица за Астон Вила. На шест натпревари од шампионатот на Англија, Реина прими 13 голови.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.