Ремек дело на Лукаку-Интер на крилата на Лукаку дојде до убедлива победа против Џенова (ВИДЕО)

Вечерашниот натпревар во Серија А коло од 17 коло го одиграа Интер и Џенова, со тоа што домашната екипа обезбеди победа од 4:0.
Домаќините беа фаворити во пресрет на овој натпревар, а на крајот успеаја да постигнат и повеќе од убедлива победа.
Мрежите не беа затресени до 31. минута, кога Лукаку го постигна првиот гол на натпреварот, доведувајки го својот тим во водство.
Само две минути подоцна Интер го постигна и вториот гол а стрелец беше Гаљардини по асистенцијата на Лукаку.
Уште два гола беа забележани во второто полувреме. Еспозито ја затресе мрежата на во 64. минута, а Лукаку неговиот втор гол го постигна во 71. минута, што беше ремек-дело.
По овој натпревар, Интер повторно е прв на табелата со истите бодови како второпласираниот Јувентус, кој има 42.



