Ремзи побара од Емери да не игра, но сите се среќен поради причината

Арсенал вечерва во склоп на 2. коло од Лигата на Европа ќе ги одмери силите со Карабаг.
За лондонскиот клуб патувањето во Карабаг ќе биде најдалечното во историјата на клубот, кога станува збор за официјални натпревари, а во авионот за Азербејџан не се најде Арон Ремзи.
Не е во прашање повреда, ниту пак е отпишан од Емери, Ремзи побарал да остане во Лондон. Ремзи за отсуството имал добра причина, бидејќи неговата сопруга, Колин, треба да роди близнаци.
“Рамзи ме праша дали може да остане во Лондон, бидејќи неговата сопруга треба да се породи во секој момент”, изјави Емери пред натпреварот.
На Ремзи ова му е последна сезона во Арсенал. Иако продолжувањето на соработката практично беше договорена, дојде до пресврт, па така велшкиот фудбалер од следното лето ќе биде слободен и бара нов ангажман.



